• сабота, 17 август 2024

Гром предизвика пожар кај месноста Фета на Беровско Езеро

Гром предизвика пожар кај месноста Фета на Беровско Езеро

Берово, 15 август 2024 (МИА) - Гром предизвика пожар кај месноста Фета на Беровско Езеро. По појавата на чад од ударот на гром веднаш се мобилизирани екипи од Територијалната противпожарна единица Берово, а градоначалникот Звонко Пекевски излезе со апел до граѓаните да се вклучат во гаснењето.

-Пред малку избувна пожар, над месност викана ФЕТА, над туристичката населба Беровско Езеро, во Берово. Гори шума и заради ветерот, пожарот брзо се шири.
Потребна е помош, за гаснење на пожарот, па се молат, сите кои се во можност, активно да се вклучат во гаснењето на пожарот, заедно со нашите пожарникари, се вели во апелот на Пекевски.

Итно вклучување во гаснење на пожарот на сите кои се во можност побараа и од ТППЕ Берово кои со дополнителни информации за пожарот ќе излезат во текот на денот. вс/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан