• понеделник, 23 декември 2024

Грковска: Со членството во GFCE - Глобалниот форум за киберекспертиза, имаме силен сојузник во борбата со кибернападите

Грковска: Со членството во GFCE - Глобалниот форум за киберекспертиза, имаме силен сојузник во борбата со кибернападите

Скопје, 10 февруари 2023 (МИА) - Вицепремиерката  Славица Грковска денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп, со Воутер Венстра, претставник на Секретаријатот на GFCE, Глобалниот форум за киберекспертиза, претставници на академската заедница и претставниците на институции во земјата. На средбата се разговарало за потребата од заеднички координиран пристап во борбата со кибернападите и зголемување на кибербезбедноста, преку споделување на експертски знаења и искуства од оваа област.-Со големо задоволство сакам да ве информирам дека Владата на Република Северна Македонија во ноември минатата година стана 103-тата членка на Глобалниот форум за киберекспертиза. GFCE е една од најголемите експертски мрежи во светот која им помага на Владите и приватниот сектор во градењето на силна одбранбена киберинфраструктура и зајакнување на својот капацитет со цел одбрана од кибернападите, кои денска се еден од најголемите закани по безбедноста на демократијата во светот, кои секојдневно нанесуваат сериозни штети на владите и институциите, но и на приватниот сектор и на граѓаните. Затоа Влада е вистински посветена на оваа многу важна тема, секојдневно правиме напори да ги засилиме капацитетите на државата во одбраната од кибернапади, со настојување да изградиме силен и одржлив систем коj ќе ги штити државните ИТ-системи, но ќе ги штити и компаниите и самите граѓани, потенцираше вицепремиерката во своето обраќање.

Амбасадорот на Кралството Холандија во Северна Македонија, Дирк Јан Коп, истакна дека е од клучно значење киберотпорноста на Северна Македонија, како и соработката со меѓународните партнери како GFCE - Глобалниот форум за киберекспертиза експертиза. Посочи дека состојбите кои се случуваат во светот на политичката сцена, треба да ги поттикнат земјите од Западен Балкан да ги подигнат мерките за претпазливост од кибернападите.Воутер Венстра, претставник на Секретаријатот на GFCE, Глобалниот форум за киберекспертиза на настанот имаше можност да ја презентира работата на GFCE, темите на кои работат и нивната понуда за соработка, со цел избирање на најдобриот модел за идна соработка со оваа мрежа.На состанокот учествуваа и претставници на академската заедница во Северна Македонија и институциите кои работат на оваа проблематика во нашата земја, со цел нивно вклучување во работата на овој меѓународен форум, споделувајќи искуствата и преземање идни заеднички чекори. сст/са/


Остани поврзан