• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гризин со прва победа во кариерата триумфираше на слаломот во Семеринг

Гризин со прва победа во кариерата триумфираше на слаломот во Семеринг
Семеринг, 29 декември 2020 (МИА) - Швајцарската скијачка Мишел Гризин победи на третиот слалом од новата сезона во Светскиот куп, што вечерва се возеше на патеката „Панорама“ во австрискиот зимски центар Семеринг. Гризин до својата прва победа во Светскиот куп стигна со време од 1:42:05 минути, минувајќи низ целта со предност од 11 стотинки пред второпласираната Катарина Линсбергер од Австрија. Место на подиумот обезбеди и американката Микела Шифрин, додека водечката во Светскиот куп. словачката скијачка Петра Влхова слаломот во Семеринг го заврши како четвртопласирана. ег/ми/

Остани поврзан