Граѓаните се плашат од поплави, бараат да се отстранат исечените дрвја кои сè уште се во коритото на тетовската река
- Дел од граѓаните кои живеат во близина на коритото на река Пена каде што беше извршено сечење на дрвја бараат државната установа надлежна за шуми да ги отстрани дрвјата од коритото. Тие велат дека се плашат од опасноста од поплави затоа што се останати исечените дрвја во речното корито.
Тетово, 12 март 2024 (МИА) - Дел од граѓаните кои живеат во близина на коритото на река Пена каде што беше извршено сечење на дрвја бараат државната установа надлежна за шуми да ги отстрани дрвјата од коритото. Тие велат дека се плашат од опасноста од поплави затоа што се останати исечените дрвја во речното корито.
- Бараме шумското стопанство да ги расчисти дрвјата од коритото, бидејќи тие беа оние кои реагираа. Директно бараме да се исчисти коритото, кој има надлежност да го направи тоа за да си ја врши работата без никаква друга цел, истакнаа граѓаните кои ги повикаа медиумите.
- Со задоволство ја дочекавме акцијата која почна да се презема, бидејќи јас живеам во горниот дел, порано немаше вакви акции, некогаш имаше отстранување на камења и карпи. Не гледам дека дрвјата надвор од коритото се исечени, но во реката, знаеме дека коритото треба секогаш да биде слободно, рече друг жител на Тетово.
Вчера МИА извести дека во неделата Oпштината почнала акција за расчистување на коритото при што се исечени и дел од дрвјата во коритото. Акцијата била прекината откако ЈП „Национални шуми“ пријавиле во полиција, а според Општината, забраниле да се отстрануваат исечените стебла. ас/мд/
фото: МИА