• вторник, 16 јули 2024

Графитчии од Берово посветија мурал на револуционерот Даме Груев 

Графитчии од Берово посветија мурал на револуционерот Даме Груев 

Берово, 26 август 2023 (МИА) - Мурал со ликот на револуционерот Даме Груев отсега ќе го краси еден од потпорните ѕидовите на регионалниот пат Берово - Струмица. Изработката е дело на графитчии од Берово, кои подолги време се занимаат со оваа уметност, а главни карактеристики и теми на нивните уметнички изработки се базираат на патриотизмот, љубовта кон татковината и  емпатијата на градот Берово.

-Со ова сакаме да испратиме порака за почитување на нашите херои и вредности кои се од исконско значење и треба секој да ги вреднува. Како млади уметници сакаме да искажеме почит кон нашите историски вредности и личности и да ги вреднуваме нивните дела. Ова е само еден мал дел за почит кон нив, а ликот на нашиот херој Даме Груев го овековечивме за да сведочи како личност која е од огромно значење за Берово, Малешевијата и за целата држава, велат беровските уметници за нивното дело.

Најавија дека и во иднина ќе презентираат вакви дела за достоинството и делата на македонските херои.

-Воедно сакаме да изразиме и револт спрема моменталната ситуација со форсирање на турбо фолкот и кичот во Берово и сите други места во Македонија, кој ја уништи чаршијата и самиот град. Се спротивставуваме на погрешните вредности на рѓосани странски и секакви култури кои ни се наметнуваат, додадоа беровските графитчии.

Апелираа секогаш предизвик за младите да биде богата македонска култура и традиција, која посебно помеѓу младите е заборавена. вс/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан