• недела, 07 јули 2024

Граничниот премин Рафа денеска повторно ќе биде отворен

Граничниот премин Рафа денеска повторно ќе биде отворен

Каиро, 12 ноември 2023 (МИА) - Граничната управа на Газа објави дека преминот Рафа на границата со Египет денеска повторно ќе биде отворен за оние кои поседуваат странски пасоши.

Евакуацијата од Појасот Газа во Египет за странски државјани и Палестинци на кои им е потребна итна медицинска помош беа прекинати во петокот, пишува Хаарец.

Изворите на весникот рекоа дека суспензијата е поради проблеми со носењето повредени во Рафа од Газа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан