• вторник, 26 ноември 2024

Град Скопје: Украсувањето е започнато, Градот Скопје ќе блесне на 15 декември

Град Скопје: Украсувањето е започнато, Градот Скопје ќе блесне на 15 декември

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Град Скопје известува дека новогодишното украсување е започнато и дека градот ќе блесне на 15 декември, но, како што велат, за многу пониска сума од претходно. 

-Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра. Минатата година, во време на најголемата глобална економска и енергетска криза, градот беше накитен без дополнителни трошоци, а средствата предвидени за китење, но и трошоците кои порано се правеле за ручеци и пиење по кафани, беа наменети за ранливите категории на граѓани, стои во соопштението на Град Скопје.

Оттаму информираат дека и оваа година ќе има украсување, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот, преку, како што се вели, сомнителни набавки. сх/нд/

Остани поврзан