• понеделник, 23 декември 2024

Град Скопје гради нова атмосферска канализација по улицата 100 во Волково

Град Скопје гради нова атмосферска канализација по улицата 100 во Волково

Скопје, 29 мај 2024

Град Скопје отпочна со изградба на нова атмосферска канализација по улицата 100 во Волково, со што се реализира уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје“, се вели во соопштението на градоначалничката на Град Скопје.

Станува збор за проект со кој се гради нова атмосферска канализација на улицата 100, од кружниот тек со улица 101 до преминот на пругата, во вкупна должина од 1650 метри, каде увид на терен изврши градоначалничката Данела Арсовска со тимовите од Секторот за уредување и планирање на Град Скопје и скопското јавно претпријатие Водовод и канализација.

Со овој проект се разрешува долгогодишниот проблем со кои се соочуваа жителите на ова населено место во општина Ѓорче Петров, каде по обилни дождови, доаѓаше до преоптоварување и излевање на фекални води. Дополнително, со изградба на атмосферската канализација се создаваат услови за идно приклучување на останатите линии во овој реон на новата атмосферска мрежа, со што дополнително ќе се подобри функционалноста на канализациониот систем, заклучуваат во соопштението на Град СКОПЈЕ.

Преку инвестициите во комуналната инфраструктура се надминуваат предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со години и се потврдува програмската определба на Град Скопје за рамномерно развивање, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, особено проекти кои биле потребни, а не биле реализирани со децении.


Одделение за односи со јавност
Град Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Град Скопје

Остани поврзан