• четврток, 12 декември 2024

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ да не шират лаги, Предлог-буџетот ќе го претставиме пред Советот

Град Скопје:  ВМРО-ДПМНЕ да не шират лаги, Предлог-буџетот ќе го претставиме пред Советот

Скопје, 11 декември 2024 


Почитувани,


Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да не се шират лаги, манипулации и дезинформации во врска со расправата по однос на предлог буџетот за 2025 година и тоа од страна на неписмени и нестручни лица кои некако стигнале до микрофон и камера.


Предлог-буџетот се доставува до Совет на општините седум дена пред расправата за истиот. Ова е предвидено со закон и важи за сите единици на локалната самоуправа.


Согласно глупавата логика на анонимуси од ВМРО-ДПМНЕ без буџет за следната година ќе останат и во “мрак” ќе бидат и општините каде раководат кадрите на ВМРО ДПМНЕ кои исто до денес немаат доставено предлог буџети за 2025 година.


Предлог-буџетот кој ќе го претставиме пред Советот е развоен и инвестициски, а граѓаните на градот Скопје ги повикуваме да не наседнуваат на лагите на анонимуси.


Со почит,

Одделение за односи со јавност
Град Скопје 

Реакција на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан