• петок, 22 ноември 2024

Град близу Киев е речиси целосно уништен, тврди регионален гувернер

Град близу Киев е речиси целосно уништен, тврди регионален гувернер
Киев, 5 март 2022 (МИА) - Градот Бородјанка, близу Киев, речиси целосно е униптен, изјави вечерва регионалниот гувернер Олексиј Кулеба. - Таму нема вода ни струја... Нема Бородјанка. Речиси е целосно уништен. Центарот на градот е едноставно ужасен. Бородјанка е под влијание на руските војници; тие ја контролираат оваа населба, рече Кулеба. Кулеба претходно денеска на својот профил на Телеграм тврдеше дека руските војници  ја зазеле тамошната психијатриска болница со стотици пациенти, но тие сега ја напуштиле. Руските сили се уште се во непосредна област, рече тој. По ракетниот напад на голем станбен блок во Бородјанка на 2 март, Украинската државна служба за вонредни состојби вчера за Си-Ен-Ен соопшти дека е можно да има луѓе се уште заробени под урнатините на зградата. Бородјанка е цел на постојано гранатирање во последните неколку дена, како и малите градови околу неа. ссм/

Остани поврзан