Градоначалниците на Берово и Пехчево со заедничка празнична посета на социјални установи
- Градоначалниците на општините Берово и Пехчево, Петар Ружински и Александар Китански денеска остварија заедничка посета на Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост и на Малиот групен дом. Во рамки на посетата, тие им ги честитаа новогодишните и божиќните празници на децата и вработените упатувајќи желби за многу здравје, среќа и успех во 2026 година.
Берово, 26 декември 2025 (МИА) - Градоначалниците на општините Берово и Пехчево, Петар Ружински и Александар Китански денеска остварија заедничка посета на Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост и на Малиот групен дом. Во рамки на посетата, тие им ги честитаа новогодишните и божиќните празници на децата и вработените упатувајќи желби за многу здравје, среќа и успех во 2026 година.
-Заедно со претседателите на Советот на Општина Берово, Влатко Шахпаски и на Општина Пехчево, Миле Гошевски на корисниците во Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост им подаривме телевизор и прожектор, додека на вработените и децата во Малиот групен дом им беа донирани електричен шпорет за потребите на домот, информираа во заедничкото соопштение од двете општини.
За секое дете, како што додадоа, беа обезбедени и новогодишни пакетчиња.
- Со оваа заедничка активност, претставниците на локалната самоуправа ја потврдија поддршката за лицата од ранливите категории и значењето на грижата и солидарноста, особено во пресрет на празниците, се вели во соопштението.
Претходно градоначалниците на двете општини во своите кабинети остварија средби со поранешни вработени во општините како и со претставници на останати институции. вс/лв/
Фото: МИА