Градоначалникот Ѓорѓиевски организираше забава за учениците со попреченост од Кисела Вода
- СООПШТЕНИЕ - Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа, заедно со својата сопруга и дел од неговиот тим ја организираше традиционалната забава по повод завршувањето на учебната година за учениците со попреченост од основните училишта во Кисела Вода, учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и Здружението на родители на деца со церебрална парализа.
Скопје, 20 јуни 2024
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа, заедно со својата сопруга и дел од неговиот тим ја организираше традиционалната забава по повод завршувањето на учебната година за учениците со попреченост од основните училишта во Кисела Вода, учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и Здружението на родители на деца со церебрална парализа.
-Ова е втора година по ред, а е забава по повод завршувањето на учебната година за учениците со попреченост од основните училишта во Кисела Вода, учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и Здружението на родители на деца со церебрална парализа.
Овие дечиња, моите најверни пријателчиња сакаат само љубов и внимание и да знаат дека не се сами. Се борам и ќе се борам да имаат еднакви можности и секогаш можат да сметаат на мене како човек, но и како градоначалник.
Сакам да се заблагодарам на вила ,,Касијана” што ги отвори вратите за овие дечиња да можат да се дружат и забавуваат а на вас, другарчиња мои, ви се заблагодарувам на прекрасната вечер.
Секогаш уживам во времето поминато со вас! Се гледаме на следното дружење-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода
_________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото Општина Кисела Вода