Градоначалникот Стефковски одликуван со Орден од МПЦ
- СООПШТЕНИЕ - Со одлука на Архепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан, а врз основа на член 77 од Уставот на Македонската православна црква – Охридска архепископија, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски е одликуван со орден „Архепископ Доститеј”.
Скопје, 14 април 2024
Со одлука на Архепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан, а врз основа на член 77 од Уставот на Македонската православна црква – Охридска архепископија, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски е одликуван со орден „Архепископ Доститеј”.
Во одлуката за доделување на орденот стои: „Одличието Архепископ Доститеј му се доделува на Бобан Стефковски за неговиот особен придонес при изградбата и украсувањето на храмот Св. 40 Маченици во Смилковци - Скопско”.
Орденот на градоначалникот Стефковски му беше врачен од страна на Архепископот Господин Господин Стефан на осветувањето на храмот Св. 40 Маченици на Смилковското езеро.
Општина Гази Баба
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.