• вторник, 13 јануари 2026

Градоначалникот Павловски додели признанија за најдобрите работници од Ранковце 

Градоначалникот Павловски додели признанија за најдобрите работници од Ранковце 

Ранковце, 31 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Ранковце, Даниел Павловски, денес им додели признанија на најдобрите работници од областа на безбедноста, комунални дејности, спорт и земјоделие.

-Овие признанија се израз на искрена благодарност до институциите, здруженијата и поединците кои со својата работа, ангажман и успеси придонесуваат за напредокот и афирмацијата на општина Ранковце. Со овој чин им оддаваме признание за нивната посветеност, професионалност и несебичен труд во секојдневното извршување на службените обврски во интерес на граѓаните, рече Павловски.

За најдобар работник во јавното комунално "Чист Ден“ Ранковце е прогласен Душан Додевски, најдобар пожарникар од ТППЕ Ранковце е Горанчо Тодоровски и најдобар полицаец од Полициската станица Ранковце, Тони Тасковски.

-Исто така, беше доделена пофалница и за „Рурална жена“, што ѝ припадна на Кристина Стојчевска од здружението со кое во изминатиот период успешно реализиравме повеќе заеднички настани, како пример за одлична соработка, иницијативност и придонес кон општествениот живот во општината.

Посебно признание доби и најдобрата спортистка, Леа Стојковска, како поддршка за промоција на спортскиот дух, дисциплината и достојното претставување на нашата општина, додаде Павловски.

Тој им посака среќни празници, добро здравје и успех на приватен и професионален план во 2026 на наградените, како и на сите жители на Општина Ранковце. ид/аа/

Фото: Општина Ранковце 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан