Градоначалникот на Тетово, Касами во официјална посета на австриската општина Хорн
- Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, престојува во официјална посета на Република Австрија, каде што остварил пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на општина Хорн, Герхард Ленчиг.
Скопје, 16 мај 2025 (МИА) - Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, престојува во официјална посета на Република Австрија, каде што остварил пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на општина Хорн, Герхард Ленчиг.
За време на средбата, соопштија денеска од локалната самоуправа, двајцата градоначалници разговарале за продлабочување на соработката помеѓу Општина Тетово и Општина Хорн, со посебен акцент на размена на идеи и заеднички иницијативи.

- Беше потенцирано значењето на подготовката и реализацијата на проекти кои ќе придонесат за локален економски развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во двете општини, се наведува во соопштението.
Градоначалниците Касами и Ленчиг изразиле подготвеност за интензивирање на соработката во области од заемен интерес, како што се економскиот развој, образованието, културата и одржливото урбано управување.
- Оваа средба претставува значаен чекор кон воспоставување конкретни партнерства кои имаат за цел заеднички придобивки и одржлив развој за граѓаните. Општина Тетово останува посветена на зајакнување на меѓународните односи и на истражување на нови можности за соработка, сѐ со цел унапредување на општата благосостојба на нејзините граѓани, се додава во соопштението од Општина Тетово. цр/са/
Фото: фејсбук на Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами