• недела, 07 јули 2024

Градоначалникот на Сеул е пронајден мртов

Градоначалникот на Сеул е пронајден мртов
Сеул, 9 јули 2020 (МИА) - Градоначалникот на Сеул, Парк Вон-сун е пронајден мртов, откако претходно денеска неговата ќерка го пријави в полиција како исчезнат, објави јужнокорејската агенција Јонхап. Полицијата го пронајде неговото тело во северниот дел на Сеул, во близина на местото каде последен пат е детектиран сигнал од неговиот мобилен телефон во текот на потрагата по него. Ким Ји-хјеонг, претставник на градската власт, истакна дека градоначалникот денеска не дошол на работа од непознати причини и ги откажал сите планирани настани. Парк, долгогодишен активист и адвокат за заштита на човековите права, е избран за градоначалник на Сеул во 2011 година, а последниот, трет мандат, го освои минатиот месец. Беше член на владејачката Либерално-демократска партија и еден од можните кандидати на претседателските избори во 2022 година. гт/

Остани поврзан