• петок, 28 јуни 2024

Градоначалникот на Неготино се сретна со кошаркарките на ЖКК ,,Спорт тим" освојувачки на третото место во државата

Градоначалникот на Неготино се сретна со кошаркарките на ЖКК ,,Спорт тим

Неготино, 4 јуни 2024 (МИА) - Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов се сретна со кошаркарките на ЖКК ,,Спорт тим", освојувачки на третото место во државата, информираа попладнево од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.  

- На големо задоволство, градоначалникот денеска  ги прими во неговиот кабинет и разговараше со кошаркарките од нашиот град кои во М-14 лигата на Македонија го освоија извонредното трето место во нашата држава, што е одличен успех за нашите девојки на возраст до 14 години. Како што информираше тренерот и основач на клубот, Игор Шарац, во лигашкиот дел нашите кошаркарки го освоиле четвртото место, а во разигрувањето совладана е првопласираната екипа на Делчево, соопштија од општинската прес служба. 

Оттаму додадоа дека на турнирот во полуфиналето, ,,Спорт тим" загуби од екипата на ЖКК Кавадарци.

- За во борбата за трето место, во крајно драматичен меч, по продолженија, да го совлада тимот на ЖКК Струга и со тоа да го освои третото место во Македонија во навистина голема конкуренција, соопштија од Службата за информирање оти Општината, честитајќи го успехот на сите кошаркарки, тренери и управата на клубот. свд/дма/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан