Градоначалникот на Дебар секој вторник ќе прима странки во својот кабинет
- Дебарскиот градоначалник, Фисник Меља, почнувајќи од утре, секој вторник во седмицата, ќе прима странки во својот кабинет и тоа од 9 до 15 часот, информираа од Општината.
Дебар, 17 ноември 2025 (МИА) - Дебарскиот градоначалник, Фисник Меља, почнувајќи од утре, секој вторник во седмицата, ќе прима странки во својот кабинет и тоа од 9 до 15 часот, информираа од Општината.
Тоа, како што наведуваат, е во рамките на неговите заложби за транспарентност и отворена соработка со граѓаните.
-Овој термин е утврден поради бројните институционални обврски и организацијата на административните работи, со цел да се обезбеди што поефикасна и координирана услуга за граѓаните, додаваат од Општина Дебар.
Граѓаните кои сакаат да остварат средба со градоначалникот, се замолуваат своите посети да ги планираат во рамки на утврдениот термин. вт/ац/
Фото: Општина Дебар