• сабота, 29 јуни 2024

Градоначалникот Митовски го посети првото новороденче во Крива Паланка

Градоначалникот Митовски го посети првото новороденче во Крива Паланка

Крива Паланка, 11 јануари 2023 (МИА) – Првороденото бебе, жител на Крива Паланка, оваа година е машко, прво дете на младите родители Садетин и Марта. Бебето е родено на гинеколошко-акушерското одделение во Куманово.

Новороденчето денеска го посетија градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, упатувајќи желби за добро здравје на малиот Садо Демировски.

-Со честитки за првата рожба на младата мајка Марта, но и со подароци од општината и желби за добро здравје, го посетивме првото новороденче за 2023 година, малиот Садо Демировски, прва рожба во ова семејство и прво бебе – жител на Крива Паланка за оваа година. Секое новороденче од Општина Крива Паланка  добива еднократен надомест во висина од 3.000 денари и дополнителни 3.000 денари за купување количка за новороденче, еднократен надоместок воведен за првпат од оваа година, што е показател дека нашата грижа и посветеност се насочени кон сите категории граѓани, рече Митовски.

Од семејството упатија благодарност за вниманието од одговорните во општинатa. ид/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан