Градоначалникот на Велес Марко Колев со честитка до граѓаните за Новата 2026 година
- Градоначалникот Марко Колев по бројните средби деновите со младите велешанчиња и ранливите групи на кои им делеше новогодишни пакетчиња и им посвети внимание со новогодишна програма со многу забава и дружење преку неколкудневниот новогодишен базар „Винтерфест“, денеска на својот социјален профил им упати Новогодишна честитка на своите сограѓани со желби за многу здравје и просперитет во Новата 2026 година.
Велес, 31 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот Марко Колев по бројните средби деновите со младите велешанчиња и ранливите групи на кои им делеше новогодишни пакетчиња и им посвети внимание со новогодишна програма со многу забава и дружење преку неколкудневниот новогодишен базар „Винтерфест“, денеска на својот социјален профил им упати Новогодишна честитка на своите сограѓани со желби за многу здравје и просперитет во Новата 2026 година.
- Драги мои велешани, за наредната 2026 година ќе посакам да продолжиме како досега - сплотени и обединети во градење на поубав Велес за сите нас. Надминавме многу предизвици, решивме многу клучни проблеми на велешани, а токму така ќе продолжиме и понатаму, најави Колев
Тој им посака пред се’ добро здравје, убави празнични денови со најблиските и година исполнета со остварени соништа.
-Со желби да се радуваме заедно за бројни убави моменти, Среќна Нова 2026 година, порача градоначалникот Колев.ад/
Фото: ФБ Колев