• недела, 22 декември 2024

Градоначалникот Коњановски приреди прием за македонските репрезентативки во спортски танц

Градоначалникот Коњановски приреди прием за македонските репрезентативки во спортски танц

Битола, 23 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски приреди прием на македонските репрезентативки во спортски танц кои во освоија медали на европското првенство што се одржа во Белград.

Битолчанките Ана Талевска, Анастазија Петковска, Антонија Гајтановска, Бојана Бејковска, Вања Атлагиќ, Јована Крајческа, Катја Козарова, Меланија Паневска и Никита Ангеловски освоија златни медали и тоа се први одличја од европските првенства за Македонија во спортски танци, додека Зорица Симјановска, Maja Крстевска, Мила Димовска, Софија Богевска и Тамара Панова го освоија второто место и им беше доделен сребрен медал.

На двата тима предводени од нивниот долгогодишен тренер Јагода Димовска, градоначалникот Коњановски лично им честита и им посака да продолжат со успеси и да освојуваат уште многу медали на натпреварите за спортски танци. мт/дма/


Фото: МИА
 

Остани поврзан