• вторник, 30 јули 2024

Градоначалникот Дука на увид во активностите за реновирање на училиштето во село Могорче

Градоначалникот Дука на увид во активностите за реновирање на училиштето во село Могорче

Дебар, 18 август 2023 (МИА) - Во завршна фаза се активностите околу реновирањето на објектот на подрачното училиште  во селото Могорче, кое функционира во рамки на ООУ „Ристе Ристевски" село Долно Косоврасти. Денеска увид во работите изврши градоначалникот Хекуран Дука.

-Во училиштето во Могорче се работи за реализација на проектот за реновирање на училишната зграда во рамки на програмата за енергетска ефикасност,  како резултат на соработката на Министерството за образование и наука и општина Дебар. Се уверивме дека работите се при крај, објави Дука на Фејсбук.

Во ова училиште се  реконструира фасадата, санитарните јазли и се гради пристапна рампа за деца со посебни потреби, за што Министерството за образование и наука обезбеди 44 милиони денари. 

- Во новата учебна година 220-те основци во ова најголемо дебарско село, со овој зафат ќе ги имаат сите современи услови за следење на образовниот процес. Неодамна  завршија работите во ООУ „Пенестија" во градот,  изработена е нова фасада и изградени санитарни јазли за ученици со посебни потреби а наскоро очекуваме зафат и  во ООУ „Саид Најдени" во градот, наведува Дука.

Тој изрази голема благодарност до Владата и министерот образование и наука, Јетон Шаќири. вт/дма/
 


 
Фото: Фејсбук  Хекуран Дука 

 

Остани поврзан