• понеделник, 08 јули 2024

Градинката „Гоце Делчев“ го одбележа патрониот празник

Градинката „Гоце Делчев“ го одбележа патрониот празник
Скопје, 4 февруари 2022 (МИА) - Со работна средба и доделување плакети за успешно и посветено работење на вработените кои повеќе од 10 години се грижат за најмладите, детската градинка „Гоце Делчев“ од општина Илинден по 13-ти пат го одбележа патрониот празник. - Поради познатата состојба со ковид пандемијата, годинава, традиционалната приредба што секоја година по повод патронатот ја изведуваат дечињата не се одржа во живо, туку на вработените и гостите во градинката, меѓу кои беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, им беше презентирана на видео бим, соопшти Општината. Честитајќи им го патрониот празник на вработените градоначалникот Георгиевски истакнал дека градинката „Гоце Делчев“ уште од самото постоење претставува пример и репер за другите како треба да функционира една институција. - Она за што сум посебно задоволен е што ова мислење за градинката го делат и граѓаните, односно оние најзасегнатите, а тоа се родителите. Како локална институција градинката има многу добар рејтинг за што сведочат нашите средби со граѓаните кои секогаш имаат пофални зборови за капацитетите на градинката. А, пофални зборови доаѓаат и од вработените во Министерството за труд и социјална политика, од каде често градинката „Гоце Делчев“ ја посочуваат како пример за добро работење, истакна Георгиевски. мс/ац/       Општина Илинден Одделение за поддршка на Градоначалникот

Остани поврзан