• петок, 22 ноември 2024

Градинката „Гонџа“ во Еразмус-проект со градинка од Софија

Градинката „Гонџа“ во Еразмус-проект со градинка од Софија

Скопје, 25 април 2024 (МИА) - Градинката „Гонџа“ од Скопје учествува во проект „Детски песнички за весели празници“ преку европската образовна програма Еразмус+, заедно со градинката „Сончево детство 65“ од Софија и студиото „МоКактус“ од Софија.

Проектот се реализира 18 месеци и ќе заврши во јули 2024. Меѓу другото, опфаќа снимени по шест видеа од двете градинки за  кои се подготвени и постери со кодови кои може да се скенираат, а сите снимени видеа се прикачени на нивните Јутјуб канали. 

-На 23 април 2024 се одржа нашиот заеднички вебинар на кој беше презентирана целокупната работа која во  овој период ја реализираа двете детски градинки со помош на опремата која ја добивме од проектот. Овој проект беше многу забавен за двете градинки каде што децата имаа можност да се запознаат со разни култури и разни песнички за различни празници, соопшти македонскиот партнер во проектот. хс/са/ 

Фото: Градинка „Гонџа“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан