• понеделник, 23 декември 2024

Градежни активности во штипската населба Сењак

Градежни активности во штипската населба Сењак

Штип, 20 март 2024 (МИА) - Почнаа градежните активности во најголемата штипска населба Сењак. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов со директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски извршија увид во изградбата на тротоарските површини и уредување на зелените површини.

-Денес заедно со директорот на ЈП „Стипион“ вршиме увид на тековни активности на неколку локации во нашиот град, каде што се работи на уредување на торотарски површини во населба Сењак, во непосредна близина на ООУ„Димитар Влахов“ и еден од клоновите на градинката „Астибо“. Паралелно со изградбата на тортоарските површини во населба Сењак предвидено е уредување на зелената површина и целосно осветлување на ова зелена површина, рече Јорданов

Тој на денешната прес-конференција истакна дека  во тек е реконструкција  на улици и  влезови на станбени згради на неколку локации во градот.

-Паралелно исто така се работи на други локации во централното градско подрачје на улица „Христијан Карпош“, на улица „Астибо“, каде што се уредуваат влезови од станбени згради, се вршат градежни активности за изградба на потпорен ѕид од становите. Тековните активности кои се одвиваат на територија на Општина Штип планираме да бидат со забрзана динамика, за да оваа година успееме да реализираме најголем процент на активности предвидени соогласно со програмата за уредување на градежно земјиште, рече Јорданов. вдј/лв/


 

 

Остани поврзан