• петок, 20 декември 2024

Градежни активности во штипската населба Дузлак

Градежни активности во штипската населба Дузлак

Штип, 16 декември 2024 (МИА) - Се уредуваат тротоарски површини во населба Дузлак. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција изјави дека општината издвои повеќе од 900.000 денари од буџетот со цел да се реши уште едно од барањата на граѓаните. На улицата „Драги Крупишки“ во населбата Дузлак дополнително ќе се работи на водоводната мрежа на дел од улиците. Јорданов, најави нови детски реквизити во паркот во населбата како и многу нови содржини за сите генерации.

-Овде се уредуваат тротоарските површини на една од најфреквентните улици во оваа населба. Повеќе од 800 метри квадратни тротоарска површина ќе биде истретирана и нешто повеќе од 900.000 денари е вредноста на ова, кое ќе се работи. Во населба Дузлак освен оваа тротоарска површина која ќе се уредува планирано е да бидат опфатени уште неколку улици и со замена на водоводна мрежа, предвидени се дополнителни активности во насока на детски реквизити во веќе постоечкиот парк, изјави Јорданов.

Тој истакна дека активности во оваа населба ќе има и наредната 2025 година, а тие ќе бидат предвидени во новиот Буџет. На тој начин, вели, населбата ќе добие променета подземна мрежа, обновена инфраструктура и многу нови содржини. вдј/сст/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан