• понеделник, 23 декември 2024

Гошаревски и Тозиевски во втор круг ќе се борат за градоначалничката позиција во Ресен

Гошаревски и Тозиевски во втор круг ќе се борат за градоначалничката позиција во Ресен
Ресен, 18 октомври 2021 (МИА) – Кандидатите за градоначалник на Ресен од СДСМ Живко Гошаревски и од ВМРО – ДПМНЕ Јован Тозиевски вечерва им се заблагодарија на своите сограѓани за довербата што им ја дадоа денеска, и побараа поддршка и во вториот изборен круг. - Мои почитувани Преспани, мои почитувани сограѓани, најпрвин ви честитам за целиот изборен ден, кој помина во најдобар ред. Но, уште повеќе ме прави горд што не сакате да скршнете од патот, кој носи квалитетни решенија, проекти и напредок, изјави Гошаревски, очекувајќи сигурна победа во вториот изборен круг. Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, Тозиевски, објави дека бројот на советници од неговата партија е во водство, и оти за него, тоа значи најава за негова победа во вториот изборен круг. - Ресен и Преспа се за победи, проекти и промени. Победата на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ е само предвесник за тоа кој ќе биде и иден градоначалник на Ресен. Во вториот круг одиме уште посилно и уште поубедливо, напиша Тозиевски на фејсбук. сс/дма/

Остани поврзан