• петок, 05 декември 2025

Гоф ја победи Пегула во финалето во Вухан

Гоф ја победи Пегула во финалето во Вухан

Вухан, 12 октомври 2025 (МИА) - Американската тенисерка Коко Гоф ја победи својата сонародничка Џесика Пегула во финалето во Вухан со 6:4 и 7:5.

Мечот траеше 1 час и 44 минути.

Гоф сервираше 4 аса, направи 8 двојни грешки и реализираше 5 од 9 брејк топки. Пегула немаше ас, направи 2 двојни грешки и реализираше 4 од 9 брејк топки.

Ова е 11-та ВТА титула во поединечна конкуренција за 21-годишната Американка.

Турнирот се играше за награден фонд од 3,7 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан