• петок, 22 ноември 2024

Гостивар: Почна реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“

Гостивар: Почна реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“

Гостивар, 24 септември 2024 (МИА) – Гостиварската локална самоуправа започна со реализација на проектот за реконструкција на коловозот по булеварот „Гоце Делчев“ со вкупна должина од речиси еден километар.

Вршителот на должноста градоначалник, Ваљбон Лимани денес беше на увид на почетокот на работите и најави дека асфалтирањето на двете ленти, на како што рече една од најфреквентните сообраќајници треба да заврши до крајот на идниот месец.

- Според најавите на компанијата која ги изведува работите, замената на стариот асфалт треба да заврши за три недели, а ако временските услови тоа го дозволат, можно е да заврши и пред рокот. Очекувам со овој проект да се подобри патната инфраструктура и граѓаните да имаат подобри услови и движење низ овој дел од градот, рече Лимани.

Булеварот „Гоце Делчев“ води од Центарот за култура до автобуската станица.

Со почетокот на подготвителните работи на левата лента, од вчера по неа не се одвива сообраќај и возилата се насочуваат кон другите улици.

В.д. градоначалникот Лимани напомена дека во оваа фаза ќе се врши и приклучување на објекти на градската канализација за да се избегнат оштетувања на асфалтот во иднина.

За овој проект, од општинската каса се предвидени речиси 12 милиони денари. згм/дма/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан