• петок, 05 декември 2025

Гостивар: ВРЕДИ ја претстави изборната програма во селото Форино

Гостивар: ВРЕДИ ја претстави изборната програма во селото Форино

Гостивар, 5 октомври 2025 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар, Себаедин Даути и носителот на листа од коалицијата ВРЕДИ Бапким Хасани, вечерва имаа средба со жителите на селото Форино каде претставија дел од изборната програма.

-Кога прошетав низ селото наидов на една улица која почнала да се прави од порано и сè уште не е завршена. Ви давам збор дека таа ќе биде уредена веднаш по добивањето на функцијата. Видов и многу диви депонии. И тие исто така ќе бидат исчистени во првите денови. Клучна цел ми е подобрување на квалитетот во образованието со градење на сите пропратни објекти за училиштето и подобрување на условите, рече Даути на собирот.

Во новоотворениот штаб во Форино зборуваше и носителот на листа од коалицијата ВРЕДИ Хасани, кој потсети за ветувањата на локланата власт во изминативе осум години која, како што рече, не реализирала ниту еден проект. Тој посочи дека ќе се залага во најскоро време основното училиште во Форино да добие спортска сала, која е неопходна.

Пред граѓаните на вечерашниот собир, зборуваа и пратеничката Имрлие Салиу и министерот за здравство Азир Алиу.згм/вј/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан