• сабота, 17 август 2024

Горецка нема да биде повикан во германската репрезентација за натпреварите во март

Горецка нема да биде повикан во германската репрезентација за натпреварите во март

Берлин, 12 март 2024 (МИА) - Леон Горецка нема да биде повикан во репрезентацијата на Германија во март. Според „Билд“, селекторот Јулијан Нагелсман нема да го вклучи играчот од средниот ред на Баерн во составот за натпреварите со Франција и Холандија. 

Нагелсман ќе направи избор во корист на 19-годишниот Александар Павловиќ. Се истакнува дека Павловиќ би можел да игра и за репрезентацијата на Србија, од каде што е неговиот татко, но фудбалерот најверојатно ќе се одлучи за Германија.

Меѓународната пауза во март ќе биде последна пред почетокот на Европското првенство 2024.

Домаќин на ЕУРО 2024 ќе биде Германија од 14 јуни до 14 јули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан