Горан Вишњиќ во улога на Дракула во сапуницата „Невести“
- Во серијата ќе глумат и Кетрин Рис, Џина Торес и Крис Мејсон. Засега е најавена само една, пилот-епизодата, но тоа може да прерасне во ТВ-серијата.
Лос Анџелес, 10 март 2020 (МИА) - Горан Вишњиќ ќе се појави во најмалку една епизода од ТВ-серијата во најава - „Невести“ (The Brides) на Еј-би-си. Хрватскиот глумец ќе го толкува ликот на Дракула.
Во серијата ќе глумат и Кетрин Рис, Џина Торес и Крис Мејсон. Засега е најавена само една, пилот-епизодата, но тоа може да прерасне во ТВ-серијата.
„’Невести‘ е семејна драма за три моќни жени, силни во срцето. Со изразени хорор елементи, тоа е една вампирска сапуница за моќни, бесмртни жени и што сè прават заради своето богатство, престиж, наследство и - за нивното необично семејство“, се вели во објавата на продукциските компании Еј-би-си судио, Ворнер брос и Берланти. си/