• сабота, 13 јули 2024

Голем шумски пожар северно од Лос Анџелес, издадена наредба за евакуација

Голем шумски пожар северно од Лос Анџелес, издадена наредба за евакуација

Лос Анџелес, 16 јуни 2024 (МИА) - Шумски пожар беснее северно од Лос Анџелес, а властите издадоа наредба за евакуација на луѓето во областа, објавија американските медиуми. 

Невремето зафати 14,5 квадратни километри во близина на Меѓудржавен 5 во Горман, околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес.

Наредбата за евакуација е издадена во округот Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија поради ширење пожарот кон главниот автопат и околните згради.

Пожарот избувнал вчера околу 14 часот по локално време, а гаснењето го отежнува ветерот кој достигнува брзина од 100 километри на час, јавуваат американските медиуми.

Во гаснењето на пожарот се вклучени и хеликоптери, а возачите кои застанаа да го фотографираат пожарот предизвикаа неколку сообраќајни несреќи на автопатот.

Почната е истрага за причините за пожарот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан