• понеделник, 23 декември 2024

Голем пожар беснее во Шиштавец, Горанците бараат интервенција од воздух

Голем пожар беснее во Шиштавец, Горанците бараат интервенција од воздух

Тирана, 4 септември 2024 (МИА) - Пожар со големи размери  беснее во областа Гора, Албанија населена главно со Македонци познати како Горани.

Пожарот е во атарот на селото Шиштевац, не ја поштеди ниту туристичката точка „Утрински камен“, најатрактивната област на природниот парк Кораб-Калабак-Коретник.

- Село Шиштавец, област Гора, се соочува со тешка ситуација по избувнувањето на големиот пожар. Како одговор на оваа вонредна состојба,  жителите на селото излегоа на терен за да помогнат во напорите за гаснење на пламените јазици. Сепак, недостапниот и стрмен терен и ветерот ја прават оваа задача исклучително тешка, објави весникот „Илинден".

Додава дека во гаснењето се вклучени и припадници на противпожарната бригада од Кукс и други институции, но тоа иди тешко.

- Итно се бара интервенција од воздух бидејќи копнените операции се недоволни за да се справат со ситуацијата. Интервенцијата  од воздух е од суштинско значење за да се спречи понатамошно ширење на пожарот за да не биде предоцна бидејќи се шири кон селото, гласи апелот на Горанците. вт/цр


Фото: Весник „Илинден"

Остани поврзан