• сабота, 23 ноември 2024

Голем интересот за Саемот на мебел

Голем интересот за Саемот на мебел

Скопје, 1 април 2023 (МИА) - Зголемена фреквенција на посетители се очекува викендов на Саемот на мебел каде се претставуваат повеќе од 40 изложувачи со 80 брендови.

Мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, декоративни подлоги и елементи по атрактивни саемски попусти кои се движат од 20 до 50 проценти, се само дел од понудата. 

-Како што и очекувавме, саемот на мебел е исклучително интересна манифестација за јавноста. Викендов очекуваме зголемена фреквенција на посетители, велат од Скопски саем.

Саемот на мебел е со работно време од 10:00 до 20:00 часот, а утре ќе бдиде отворен до 18:00. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница е 100 денари по посетител. Онлајн картите се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk. Туристичката агенција „Војажер” организира групни посети на Саемот од сите градови од Македонија и регионот.

Партнер на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје. мч/

фото: Скопски саем

Остани поврзан