• петок, 28 јуни 2024

Годишна изложба на дела од ликовното студио во НУ Центар за култура Крива Паланка

Годишна изложба на дела од ликовното студио во НУ Центар за култура Крива Паланка
Крива Паланка, 13 септември 2022 (МИА) - Во Националната установа Центар за култура Крива Паланка е отворена годишна изложба на над шеесетина дела, изработени од 15 активни членови на ликовното студио од оваа Установа.
Директорот на НУ Центар за култура Крива Паланка, Дарко Стоилковски, ја прогласи изложбата за отворена, истакнувајќи ја важноста на постоење на студиото повеќе од една деценија, период во кој се формирани и етаблирани бројни млади уметници, сликари и графичари, архитектите и дизајнери.
- Чест и задоволство ми е да ја отворам изложбата на дела од членовите на нашето ликовно студио кое со задоволство би го нарекол ликовна школа, која опстојува единаесет години под раководство на академскиот уметник Роберт Цветковски, нашиот ценет професор кој ја негува уметноста кај младите и ги наградува нивните афинитети за сликарство. Денес, овде во изложбениот простор имаме поставено над шеесет дела работени во техника - акрил, темпера, цртежи и акварели, репрезентативни дела изработени во измината година и ние како установа сме горди на она што е изработено, рече Стоилковски.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, како дел од годишната програма на НУ Центар за култура Крива Паланка.ид/бт/

Остани поврзан