• недела, 22 декември 2024

Гнабри e вториот Германец кој постигна двa гола во полуфинале на ЛШ

Гнабри e вториот Германец кој постигна двa гола во полуфинале на ЛШ
Лисабон, 20 август 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Серж Гнабри, синоќа постигна два гола во полуфиналето на Лигата на шампионите против Лион (3:0). Дваесет и петгодишниот играч стана вториот Германец двоен стрелец на еден полуфинален двомеч. Претходно во сезоната 2012/13, тоа го стори уште еден играч на Баерн, Томас Милер. Тој постигна два гола против Барселона (4:0). Во финалето во Лигата на шампионите, Баерн ќе игра против ПСЖ. Натпреварот ќе се одржи на 23 август. зс/

Остани поврзан