• недела, 22 декември 2024

Гнабри има повреда на левиот бутен мускул, тој најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар во ЛШ против Лацио

Гнабри има повреда на левиот бутен мускул, тој најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар во ЛШ против Лацио
Минхен, 13 февруари 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Баерн, Серж Гнабри, се повреди во финалето на Светското клупско првенство против Тигрес (1:0). Играчот има пукнат бутен мускул на левата нога. Тој нема да може да учествува на следните натпревари. Така, учеството на Гнабри во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против Лацио (23 февруари) е малку веројатно. Оваа сезона, 25-годишниот Германец одигра 18 натпревари во германскиот шампионат и постигна пет гола. зс/

Остани поврзан