• понеделник, 23 декември 2024

Глумците повторно во штрајк поради ВИ

Глумците повторно во штрајк поради ВИ

Лос Анџелес, 30 јyли 2024 (МИА) - Глумците стапуваат во штрајк, по неколкумесечните преговори со компаниите за видеоигри, како „Активижн“, „Епик гејмс“ и други издавачки куќи. Целта се: повисоки плати, подобри безбедносни мерки и заштита од новите технологии со вештачка интелигенција.

- Индустријата за видеоигри генерира заработки од милијарди долари годишно. Движечката сила зад тој успех се креативните луѓе кои ги дизајнираат и создаваат тие игри, изјави Данкан Крабтри-Ајрланд - главниот преговарач на Синдикатот на филмски, телевизиски и радиоуметници (САГ-АФТРА).

Овој штрајк се случува една година откако холивудските филмски работници успешно го завршија штрајкот против односот на филмските студија и поради слични барања.

- Тоа ги вклучува членовите на САГ-АФТРА кои носат незаборавни и сакани ликови на животот И тие заслужуваат и бараат иста основна заштита како и уметниците во филмот, телевизијата, стрим-продукцијата и музиката: правично вреднување и право на информирана согласност за употребата на нивните лица, гласови и тела. Некои луше не научиле ништо од лекциите од лани. Нашите членови можат и ќе застанат и ќе бараат фер и праведен третман на вештачката интелигенција, а јавноста нѐ поддржува во тоа.

Според Одборот на штрајкот, недостатокот на заштита на вештачката интелигенција е егзистенцијална закана за глумците и она што тие го прават. си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан