• вторник, 24 декември 2024

Глумицата Ребел Вилсон доби ќерка од сурогат-мајка

Глумицата Ребел Вилсон доби ќерка од сурогат-мајка

Лос Анџелес, 8 ноември 2022 (МИА) - Австралиската комичарка Ребел Вилсон го објави раѓањето на нејзината ќерка Ројс Лилијан, што минатата недела ја доби со помош на сурогат-мајка. Актерката ја сподели својата радост на Инстаграм.

 „Не можам ни да ја опишам љубовта што ја имам кон неа, таа е прекрасно чудо! Засекогаш сум им благодарна на сите вклучени (знаете кој сте), за ова се подготвував со години... Но, особено сакам да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна сурогат-мајка“, напиша глумицата, која е на почеток од петтото десетлетие од својот живот. Исто така, рече дека е подготвена да ѝ ја даде „сета љубов што можете да ја замислите“ на малата Ројс Лилијан. „Брзо учам... Многу почит до сите мајки! Горда што сум во вашиот клуб“, додаде Ребел. Вилсон во јуни откри дека е во врска со модната дизајнерка Рамона Агрум од Лос Анџелес.  си/сд/

Остани поврзан