• петок, 05 декември 2025

Гласањето во Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци без проблеми и демократски

Гласањето во Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци без проблеми и демократски

Битола, 19 октомври 2025 (МИА) - Локалните избори во општините Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци се одвиваат демократски, непречено и без проблеми, потврдија за МИА тамошните Општински изборни комисии.

До 15 часот во Ресен гласале 27,38 отсто од електоратот, а во Демир Хисар на гласање излегле 38,6 проценти од лицата со право на глас. Во Могила евидентирани се 39,9 проценти од избирачите, односно на гласање излегле 1.862 гласачи, а најголем излез е во пелагонискиот регион, регистриран во Новаци каде на подрачјето на тааа општина до 15 часот гласале 52,48 проценти од избирачите. мт/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан