• петок, 22 ноември 2024

Гламурот и престижот околу „Савана“ мачките

Гламурот и престижот околу „Савана“ мачките

Лос Анџелес, 9 мај 2024 (МИА) - „Савана“ мачките се хибрид меѓу домашна мачка и африканската дива мачка „Сервал“. Овој тип мачки меѓу одгледувачите стана популарен во доцните 90-ти, а во 2001 година Меѓународната асоцијација на одгледувачи на мачки ги призна како нова раса мачки.

Инаку, вакви мачки како домашни миленици најчесто поседуваат богати луѓе и за нив се симбол на престиж. Мачките „Савана“ се љубопитни, весели и многу интелигентни. Долгото, витко тело со различни бои и нијанси на кафена, златна и сива, како и егзотичниот изглед на очите во облик на „бумеранг“, ја прават оваа мачка - најскапата на светот.

Ваква мачка, имено, чини од 1.000 до 20.000 долари.

„Савана“ мачката брзо се врзува за семејството и со малку труд може да научи разни „трикови“... Важи за питомо животно, кое сака повеќе вода.

За да може да се добие ваква мачка, со вкрстување два различни вида, не е ниту лесно, ниту евтино. Затоа овие мачки се исклучително ретки и скапи, па и чувањето такво милениче е своевиден статусен симбол.  си/паг/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан