• петок, 22 ноември 2024

Главниот советник на Борис Џонсон поднесе оставка

Главниот советник на Борис Џонсон поднесе оставка
Лондон, 13 ноември 2020 (МИА) - Доминик Камингс, главниот советник на британскиот премиер Борис Џонсон, поднесе оставка, која ќе стапи во сила веднаш, пренесуваат британските медиуми. „Доминик Камингс вечерва ја напушти Даунинг стрит 10 засекогаш, откако одлучи да не остане на должност до Божик“, напиша на Твитер главниот политички коментатор на Радио Тајмс, Том Њутн Дан. Камингс е забележан како го напушта седиштето на британската влада, носејќи кутии. Повикувајќи се на извор во Даунинг Стрит, Си Ен Ен јави дека причина за оставката е големиот втор бран на Ковид-19 во земјата и финалната фаза од Брегзит. ссм/  

Остани поврзан