• четврток, 15 јануари 2026

Главниот државен ревизор Ацевски се сретна со албанскиот колега Шеху

Главниот државен ревизор Ацевски се сретна со албанскиот колега Шеху

Тирана, 9 декември 2025 (МИА) - Главниот државен ревизор Максим Ацевски, придружуван од официјална делегација на институцијата, вчера во Тирана оствари средба со претседателот на Завод за државна ревизија на Албанија, Арбен Шеху.

Во делегацијата, како што објави Шеху на Фејсбук, биле и заменик-генералниот ревизор Орхан Адеми, советникот Тања Јаневска и ревизорот Христина Дабеска.

За време на средбата, Шеху и Ацевски ја оценија досегашната соработка меѓу двете врховни ревизорски институции, нагласувајќи ја важноста од зајакнување на партнерството и професионалната размена.

-Покрај другото се согласивме дека паралелните ревизии остануваат една од најефикасните форми на соработка, бидејќи тие се занимаваат со теми со висока јавна чувствителност и директно влијанаат врз функционирањето на институциите и услугите за граѓаните, напиша Шеху.

Toj додава дека претставниците на заводите за ревизија на двете земји ја изразиле посветеноста за продолжување на заедничките проекти и нивно проширување, со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста во јавната администрација. вт/дма/

Фото: Фејсбук на Арбен Шеху

Остани поврзан