• среда, 27 ноември 2024

Гитаристот Том Морело го затвори овогодишниот „Егзит“

Гитаристот Том Морело го затвори овогодишниот „Егзит“

Нови Сад, 12 јyли 2024 (МИА) - Крајот на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, Србија, го одбележа виртуозноста на гитарата... Последен настапи американскиот рок-гитарист Том Морело, кој ги изведе „Solider in the army of love“, „Bombtrack“, „Know Your Enemy“ и други композиции.

- Овој миг го чекав 30 години!, изјави гитаристот на почетокот на концертот, којшто го следеа илјадници посетители.

Најпосетен ден на фестивалот беше саботата, кога настапија Џон Њуман, Вили Вилијам, Марсело, Ива Лоренс... Инаку, на главната сцена настапија и „Офенбах“, Јан Рејчер, Стив Анџело, а на втората бина - Огуз, Сара Лондреј и други. На Денс-сцената настапија изведувачите Ѓ. Бонобо, Карлита и Блек кофи.

На помалите сцени настапија изведувачи од разни други жанрови.

Претходниве пет дена Новосадската тврдина беше домаќин на десетици илјади луѓе од различни делови на светот, а на фестивалот учествуваа речиси 600 изведувачи од различни области - рок, рап, хип-хоп и други карактеристични музички жанрови за Егзит.  си/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан