• понеделник, 23 декември 2024

Гитарата на Курт Кобејн продадена за над шест милиони долари

Гитарата на Курт Кобејн продадена за над шест милиони долари
Лос Анџелес, 22 јуни 2020 (МИА) - Акустичната гитара на којашто Курт Кобејн со неговата група „Нирвана“ свиреше на својот концерт од серијата „Ем-ти-ви анплагд", е продадена на аукција за рекордни шест милиони долари. Гитарата „Мартин Д-18-Е“ од 1959 година е продадена во рамки на дводневната аукција под наслов „Музички икони". Кобејн ја искористи во ноември 1993 година, пет месеци пред неговата смрт. За гитарата, интересот беше огромен, а во наддавањето највисока понуда беше онаа на австралискиот бизнисмен Питер Фридмен - сопственик на компанијата Род Мајкрофонс.  си/

Остани поврзан