• понеделник, 25 ноември 2024

Гигс се повлече од функцијата селектор на Велс

Гигс се повлече од функцијата селектор на Велс
Кардиф, 21 јуни 2022 (МИА) - Фудбалската асоцијација на Велс објави крај на партнерството со Рајан Гигс. Поранешниот крилен напаѓач на Манчестер јунајтед беше на чело на националниот тим од јануари 2018 година, но практично престана да раководи со тимот во ноември 2020 година по неговото апсење под обвинение за напад на неговата девојка Кејт Гревил. Гигс подоцна беше обвинет и за напад на нејзината помлада сестра Ема Гревил за време на истиот инцидент. Судските рочишта ќе почнат на 8 август годинава, а поранешниот фудбалерот ја негира вината. Конечното заминување на Гигс од националниот тим се поврзува со неговата неподготвеност, поради скандали, да се меша во работата на тимот за Светското првенство во 2022 година. Велс пласман на Мундијалот во Катар обезбеди под водство на в.д. селекторот Роб Пејџ. зс/

Остани поврзан