• понеделник, 23 декември 2024

Германското јаболково вино - извор на здравје

Германското јаболково вино - извор на здравје
Есен, 20 септември 2021 (МИА) - Во градот Есен, западна Германија, јаболковото вино е традиционално скоро исто колку и пивото во Баварија. Имено, „апелвој“ (elppelwoi) - како што се нарекува напитокот, е познат и далеку вон оваа област. „Пијте јаболково вино секој ден и ќе бидете поздрави" - гласи една стара германска поговорка. А, јаболкото го подобрува варењето, има позитивно влијание врз системот за дишење, ги смирува нервите, ги ублажува симптомите на многу заболувања... Јачината на јаболковото вино е само 5,8 степени, така што меѓу алкохолните пијалаци, тоа се смета за еден од полесните. Виното од јаболка се истура во ребрести чаши, а се точи од глинен бел сад украсен со сини мотиви - наречен „бембел“. Овие бокали го чуваат виното ладно. Со тоа, најчесто одат солени ѓевреци или деликатеси од компири... Сезоната на јаболково вино во Есен е наесен, кога јаболката зреат. Се прави од свеж сок од јаболко, кој ферментира во буриња до почетокот на зимата. Обично до Божиќ виното е подготвено и го има во околните угостилници. Вистинските љубители го претпочитаат виното „чисто“, но некои луѓе и го разредуваат со минерална вода.  си/

Остани поврзан