• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла

Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла

Берлин, 15 март 2025 (МИА) - Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изрази загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз демократијата, нагласувајќи дека традиционалните медиуми губат простор во политичките дебати.

- Комуникацијата во политиката радикално се менува. Дебатите се префрлаат од квалитетните медиуми на социјалните мрежи, што длабоко ја трансформира демократијата, изјави Штајнмаер за германскиот весник „Аугсбургер Алгемајне“.

Според него, традиционалните медиуми овозможуваат темелна анализа и дебата, додека социјалните мрежи функционираат на црно-бел принцип – „да“ или „не“, без простор за нијансирано размислување. Ова губење на критичката мисла е вознемирувачко, вели тој.

- Заштитата на либералните вредности значи дека мораме да бидеме активни и во дигиталниот простор и да не им оставаме простор на оние што ја загрозуваат нашата демократија, порача германскиот претседател.ссм/

фото: архива

Остани поврзан