• недела, 22 декември 2024

Германскиот Парламент одобри делумна легализација на канабисот од 1 април

Германскиот Парламент одобри делумна легализација на канабисот од 1 април

Берлин, 22 март 2024 (МИА) – Германскиот Парламент денеска одобри делумна легализација на канабисот за лична употреба од 1 април.

Бундесратот (Горниот дом на Парламентот) на денешната седница го усвои предлог-законот за делумна легализација на канабисот, откако минатиот месец беше изгласан во Бундестагот (Долниот дом).

Новиот закон дозволува возрасните лица да можат да поседуваат до 25 грама канабис за лична употреба на јавни места, да можат да одгледуваат до три стебла канабис дома и да поседуваат до 50 грама канабис за лична употреба таму.

Пушењето марихуана на јавни места ќе биде забрането во училиштата, спортските објекти и на 100 метри од нив. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан